Бадељ: Треба да сме горди, Хрватска има 22 врвни играчи

Хрватска за првпат во својата историја ја завршува првата фаза од големите натпреварувања со максимални девет бода. Успехот е уште поголем ако се знае дека селекторот Далиќ денеска експериментираше со составот одморајќи дури деветмина фудбалери, за сепак да успее да слави над Исланд со 2-1.

Вечерва во главна улога беше Бадељ, кој не беше стартер на првите две средби, но против Исланд блесна постигнувајќи го голот за водство од 1-0, за потоа во финишот да му асистира на Перишиќ при победничкиот погодок на „коцкестите“.

„Најмалку важно е кој го дал голот или кој бил најдобар, Хрватска има 22 врвни играчи, го покажавме тоа денеска и треба да сме горди. Селекторот знае дека во секое време може да смета на секој од нас, одигравме квалитетен натпревар и само потврдивме дека заслужено сме први во групата. Првата цел е реализирана, пласманот во осминафиналето, но сега сакаме да стигнеме што подалеку. Прва на ред е Данска, противник што е многу незгоден и никако не смее да биде потценет“ – изјави Бадељ.

Се вчитува...