Баџо: Потребни се промени во фудбалот

Легендата на италијанскиот фудбал, Роберто Баџо смета дека на фудбалот му се потребни промени, но во исто време тие што сакаат промени не смеат да заборават на навивачите поради кои и се игра.

„Мислам дека на фудбалот му е потребна промена и тоа не е спорно. Меѓутоа брзината со која проектот за Суперлига се урна мора да не натера на размислување. Светот се менува, затоа и ние мораме да се промениме. Сепак, мораме да размислуваме со ладни глави и ни требаат луѓе со големо искуство за да можеме тоа да го спроведеме на најдобар можен начин“, изјави Баџо. 

Проектот за Суперлигата кои го објавија најмоќните клубови во Европа беше урнат од навивачите за нешто повеќе од 24 часа.

Се вчитува...