Баена го пријави Валверде во полиција

Тимот на Вилјареал синоќа соопшти дека нивниот играч Алехандро Баена, го пријави во полиција фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валварде поради физички напад после натпреварот на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид.

Валверде наводно бил навредуван од Баена за време на натпреварот, односно за нероденото дете. Играчот на Вилјареал подоцна ги демантираше овие тврдења.

„Фудбалерот на Вилјареал, Алекс Баена беше нападнат додека одеше кон клупскиот автобус по натпреварот со Реал Мадрид. Соочен со оваа ситуација, фудбалерот се одлучи да поднесе пријава во полиција. Вилјареал отфрла било какви акти на насилства, и цврсто верува во тврдењата на својот играч, кого ќе го  поддржи во целиот процес“, стои во соопштението на клубот.

Засега на Валверде не му се заканува спортска казна, со оглед дека случајот не е пријавен до Дисциплинската комисија.

Се вчитува...