Баерн без Кимих на дербито со Баер Леверкузен

Баерн Минхен ќе биде сериозно ослабен за дербито со Баер Леверкузен откако Џошуа Кимих заработи незгодна повреда при тренинзите со германската репрезентација.

Кимих се пожали на болка во мускулот, поради што го пропушти последниот пријателски дуел со Франција, а во таборот на Бааерн се загрижени дека проблемот не е нималку наивен. Во Минхен ќе бидат извршени детални прегледи, но речиси сигурно е дека Кимих нема да биде „фит“ за големото дерби со „фармацевтите“ закажано за петок навечер.

Добра вест за Тухел е што Џамал Мусиала, кој поради повреда не настапи за Германија на последните две средби, е целосно „фит“ и ќе може да настапи на големото дерби.

Баерн Минхен и Баер Леверкузен се двете екипи со максимален ефект по првите три кола сезонава, па јасно е дека овој дуел ќе биде од огромно значење и за Томас Тухел, како и за Чаби Алонсо на спротивната страна.

Се вчитува...