Баерн Минхен ќе биде сериозно ослабен за денешното гостување во Келн откако беше обелоденето дека Роберт Левандовски нема да настапи за германскиот шампион на овој натпревар.
Причината за отсуството најверојатно не е повреда, со оглед на фактот дека Левандовски тренирал со почна пареа во текот на вчерашниот ден. Според весникот „Билд“, најверојатно станува збор за тактичка одлука најдобриот стрелец на тимот да добие заслужен одмор во пеколниот ритам на натпревари во Бундес-лигата и во Лигата на Шампионите.
Левандовски и сезонава е најдобар стрелец во Бундес-лигата, постигнувајќи десет гола во првите пет натпревари во елитното германско фудбалско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА