Баерн без важен играч на стартот од новата сезона

Новиот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, се соочи со неочекуван проблем на самиот старт од оваа авантура откако остана без услугите на Лукас Хернандез.

Францускиот дефанзивец се повреди при настапот за својата репрезентација на ЕВРО 2020, проблемот не беше нималку наивен, па Хернандез мораше да замине на операција на менискусот. Тој веќе пристигна назад во Минхен, но сега ќе му следи пауза од најмалку шест седмици, па Хернандез нема да може да му биде на располагаање на Нагелсман за стартот од новата бундеслигашка сезона.

Новиот стратег на Баерн планираше Хернандез да му биде прва опција во одбраната крај новото засилување Упамекано. Баварскиот гигант летово остана без Алаба и без Боатенг, кои си заминаа од „Алијанц Арена“, па Нагелсман ќе има проблем да ја состави одбранбената линија за стартот од сезоната, особено ако се знае дека незгодна повреда веќе извесно време влече и левиот бек Дејвис.

Се вчитува...