Баерн добива конкуренција: Гвардиола го бара Гереиро во Сити

Пеп Гвардиола е на добар пат да им ги замрси сметките на Томас Тухел и на Баерн Минхен откако Манчестер Сити реши активно да се вклучи во трката по Рафаел Гереиро.

Португалскиот репрезентативец е слободен играч откако му истече договорот со Баерн Минхен, а екс-фудбалерот на Борусија веќе водеше преговори со Баерн за трансфер кој би претставувал ново големо предавство во германскиот фудбал. Баварците беа оптимисти дека ќе го осигураат потписот на Гереиро, но Манчестер Сити е нов фаворит во оваа трка откако Пеп Гвардиола веќе стапил во контакт со овој одличен играч.

Гвардиола е во потрага по нов лев бек уште откако минатото лето го продаде Зинченко во Арсенал, а во меѓувреме го пушти и Кансело на позајмица во Баерн Минхен. Гереиро е идеален кандидат и поради универзалноста, овој играч одлично се снаоѓа и како бек, но и во средниот ред, што го прави идеален во концептот на Гвардиола. Стратегот на Манчестер Сити му ја пренел на Португалецот својата визија за неговата улога во тимот, тој бил сериозно заинтересиран, а останал договорот да се почека да мине финалето во Лигата на Шампионите (10 јуни), за да се седне на директни преговори и да се испрати конкретна понуда по која би следел и потпис на договорот доколку Гереиро ја прифати истата.

Се вчитува...