Баерн долета во Ливерпул, една „ѕвезда“ остана дома

Баерн Минхен ќе биде дополнително ослабен за утрешното гостување против Ливерпул откако Џером Боатенг отпадна од комбинација за настап на „Енфилд роуд“. Одличниот дефанзивец не е најстандарден сезонава, но можеше да заврши голема работа во обидот да се неутрализира напаѓачкото трио на Ливерпул, Салах – Фирмино – Мане.

Сепак, тој поради болест не тренираше во последните два дена, по што тренерот Ковач реши Боатенг воопшто да не патува со остатокот од тимот. Во авионот за Ливерпул не беше присутен ниту Франк Рибери, кој стана татко по петти пат. Францускиот ас со приватен авион до вечерва треба да допатува во Англија и сигурно ќе биде во комбинација за настап против „црвените“.

Томас Милер поради суспензија ќе ги пропушти двете средби со Ливерпул, а се уште е неизвесно дали на „Енфилд“ ќе може да се појави Кингсли Коман, кој се повреди на петочниот дуел со Аугсбург.

Се чувствува подобро отколку во саботата, но се уште е далеку од топ-форма. Сепак, имаме уште 36 часа до натпреварот и не губиме надеж дека Коман ќе може да ни помогне“ – изјави спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Се вчитува...