Баерн ги отпиша Кансело и Блинд

Челниците на Баерн Минхен објавија дека Жоао Кансело и Дејли Блинд не се повеќе членови на „Баварците“. Кансело зимоска дојде на позајмица од Манчестер Сити, со можна откупна клаузула од 70 милиони евра, но Баерн се реши да не ја активира таа можност.

Португалецот така официјално се враќа во Манчестер Сити, но нема да остане таму, затоа што Пеп Гвардиола не смета на него.

Блинд исто така зимоска стигна во Баерн Минхен како слободен агент после раскинот со Ајакс. Холанѓанецот потпиша договор до крајот на сезоната, но не му беше понуден нов, со што и дефинитивно заминува од клубот.

Се вчитува...