Баерн ги уништи „милионерите“ за едно полувреме и се врати на врвот

Баерн Минхен ја декласира Борусија Дортмунд со 5-0 на „Алијанц арена“ во големото дерби на Бундес-лигата и се искачи повторно на лидерската позиција со 64 бода, еден повеќе од „милионерите“, на шест кола до крајот на шампионатот. Тимот на Нико Новач беше доминантен и за едно полувреме стигна до убедливата предност.

Матс Хумелс во десеттата минута донесе водство за баварскиот тим, а Роберт Левандовски седум минути подоцна зголеми на 2-0. Во финишот на првиот дел погодија и Хави Мартинез и Серџ Гнабри и составот на Борусија Дортмунд доживеа класичен нокаут за 45 минути.

Баерн Минхен стигна и до петти гол, во 89.минута, а стрелец беше повторно Роберт Левандовски.

Се вчитува...