Баерн го истури гневот на Мајнц

Германскиот првак Баерн Минхен броеше до шест во триумфот (6-0) над Мајнц на „Алијанц арена“. Баварскиот тим беше елиминиран од Ливерпул во Лигата на шампионите, а фудбалерите на Нико Ковач го истурија гневот на Мајнц.

Роберт Левандовски ја отвори серијата голови, Хамес Родригез постигна хет – трик, а во листата на стрелците се запишаа и Кингсли Коман и Алфонс Дејвис.

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд имаат по 60 бода на врвот на табелата во Бундес-лигата, а составот на Нико Ковач има подобра гол – разлика во моментот.

Се вчитува...