Баерн го одложи трансферот на Хернандез до јули

Фановите на Атлетико Мадрид можат да здивнат откако беше обелоденето дека Баерн Минхен нема да го ангажира Лукас Хернандез во текот на јануарскиот преоден рок. Шпанскиот весник „Марка“ објави дека баварскиот гигант е подготвен да ја активира клаузулата од 80 милиони евра откако постигнал договор за личните услови со фудбалерот, со што се појави сериозна опасност Атлетико да остане без својот најперспективен дефанзивец.

Диего Симеоне и Антоан Гризман се обидоа да го разубедат францускиот интернационалец, но ниту тоа не вроди со плод, за на крајот „божиќниот подарок“ за Атлетико да пристигне од Минхен. Имено, челниците на Баерн дале ветување дека нема да ја активираат клаузулата во јануари, одложувајќи ги преговорите со крајот на сезонава. Се шпекулира дека Атлетико за возврат ќе ја намали сумата за околу 10 милиони евра при летниот трансфер, но медиумите ја потенцираат и опасноста за Баерн, шпанскиот клуб во меѓувреме да потпише нов договор со Хернандез, со многу повисока клаузула со која ќе го блокира трансферот.

Баварскиот гигант најавува сериозен ремонт на играчкиот кадар за наредната сезона, а јасна е желбата токму Хернандез да биде новиот командант на одбраната на Баерн во годините што следат.

Се вчитува...