Баерн го отпиша Боатенг – на потег се Арсенал, Тотенхем, Челси…

Баерн Минхен во идната сезона нема да смета на услугите на Џером Боатенг, давајќи зелено светло тој без отштета да си замине од клубот. На германскиот репрезентативец, кој во 2011. година пристигна на „Алијанс Арената“ и со баварскиот клуб освои осум титули во германското првенство и два пати се искачи на тронот на Европа, договорот му истекува во јуни 2021 по што станува слободен играч.

Неговата желба за продолжување на соработката со тимот од Минхен, дури и за помала плата, нема да биде исполнета од страна германскиот состав па 32-годишниот централен бек по десет години ќе облече друг дрес.

Конкуренцијата за негов потпис воопшто не е наивна, лондонските клубови Арсенал, Челси и Тотенхем, како и ПСЖ се сериозно заинтересирани за услугите на репрезентативецот на Германија. Исто така, интерес за Боатенг покажуваат и неколку американски клубови, во прв ред ЛА Галакси, Интер Мајами и Чикаго.

Се вчитува...