Баерн го претстави гостинскиот дрес за новата сезона (ФОТО)

Германскиот шампион Баерн Минхен денес го претстави гостинскиот дрес за следната сезона. Разликата во споредба со оваа сезона е многу забележлива. Главната боја на дресот на гости е сепак црна, а лентите од рабовите на дресот имаат златна боја.

 

Исто така, на дресот има линии кои се бели, па дресот на „баварците“ изгледа навистина добро. Производител е, се разбира, Адидас, кој уште еднаш потврди дека е безпрекорен во дизајнирање на спортска облека.

 

 

Треба да се напомене и дека главниот дрес на баварскиот великан ќе има значителни промени, а ќе биде додадена и петта ѕвезда за освоената 30 шампионска титула.

 

 

Се вчитува...