Баерн го продава Хумелс, цената не е превисока

Матс Хумелс е достапен за трансфер од Баерн Минхен откако раководството на баварскиот гигант дало зелено светло за заминување на германскиот репрезентативец. Според германските медиуми, ниту цената не би требало да биде проблем со оглед на фактот дека Баерн бара 35 милиони евра за овој квалитетен фудбалер, а во преден план во трката по Хумелс се очекува да биде Челси.

Имено, лондонскиот клуб е во потрага по врвен дефанзивец кој би го заменил Давид Луиз (летово ќе си замине како слободен играч од „Стемфорд бриџ“), а Сари смета дека Хумелс одлично би се вклопил во таборот на Челси. „Сините“ и официјално покажале интерес за Германецот, а одговорот на Баерн бил дека цената за Хумелс изнесува 35 милиони евра, пари што Челси без проблем може да си ги дозволи за квалитетно засилување.

Хумелс го загуби првотимскиот статус кај Нико Ковач, но прашање е дали стратегот на Баерн ќе даде зелено светло за негов трансфер во јануари, или пак Челси ќе мора да чека до крајот на сезонава за да го доведе дефанзивецот на „Стемфорд бриџ“.

За потсетување, Челси веќе договори едно летно зсилување од Бундес-лигата, постигнувајќи договор за ангажман на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд за сума од 50 милиони евра.

Се вчитува...