Баерн го сака Рамзи веќе во јануари

Баерн Минхен неочекувано се наметна како голем фаворит во трката по Арон Рамзи откако беше обелоденето дека баварскиот гигант подготвил одлични услови за да го убеди Велшанецот да пристигне на „Алијанц арена“. Рамзи следното лето ќе стане слободен играч по истекот на договорот со Арсенал, а интерес за неговите услуги покажаа Јувентус, Милан, Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Сепак, британските медиуми објавија дека одличниот играч за врска најверојатно нема да остане во Премиер-лигата, а од странските понуди ја избрал онаа на Баерн Минхен. Актуелниот првак на Германија се наоѓа во огромна криза и во Рамзи се гледа како на идеално засилување, па затоа Баерн ќе испрати понуда за да го доведе овој фудбалер веќе во јануари, со што и Арсенал ќе има можност да заработи над 10 милиони евра на играчот што би заминал „гратис“ на крајот од сезонава.

На сличен начин „топчиите“ минатиот јануари останаа без Алексис Санчез, за кого во јануарската размена со Манчестер јунајтед го добија Хенрик Мхитаријан.

Се вчитува...