Баерн и Јунајтед победници, Барса – лузер на последниот ден од преодниот рок

Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед се најголеми победници во последниот ден од преодниот рок, откако донесоа квалитетни фудбалери со кои ги пополнија проблематичните позиции во тимот. Баварскиот гигант долго време беше пасивен на пазарот, за сега во рок од 24 часа да комплетира три трансфери, за кои потроши вкупно 10 милиони евра. Сите пари беа потрошени на десниот бек на Олимпик Марсеј, Буна Сар, како слободен играч пристигна Чупо Мотинг од ПСЖ, а на едногодишна позајмица назад на „Алијанц Арена“ се врати и Даглас Коста, кој ќе биде замена за Иван Перишиќ по враќањето на Хрватот во Интер.

„Црвените ѓаволи“ беа посрамотени на дербито со Тотенхем, по што директорот Вудвард беше принуден дополнително да го засили тимот на Оле Гунар Солскјер. Во Единсон Кавани се добива проверен врвен голгетер, додека Телес ќе ја заземе позицијата на стартен лев бек пред Шо, кој премногу варираше во формата во претходните две сезони.

За разлика од овие два тима, апсолутен лузер во финишот од овој преоден рок е Барелона. Каталонскиот гигант имаше договор со Мемфис Депај и со Ерик Гарсија, но не успеа да ги донесе овие двајца фудбалери бидејќи немаше доволно пари за трошење, а фудбалерите кои требаше да бидат продадени одбија такво нешто. Дембеле и покрај преговорите со Манчестер Јунајтед на крајот остана во Барса, што значеше блокада за доаѓањето на Депај. Што се однесува до Гарсија, младиот дефанзивец на Сити чекаше Барса да го продаде Тодибо, но младиот Французин го одби трансферот во Фулам од кој каталонскиот гигант требаше да заработи 18 милиони евра. Тодибо на крајот заврши на позајмица во Бенфика, но дури откако пропаднаа преговорите за Гарсија.

Се вчитува...