Баерн и Лајпциг ремизираа во лудилото во Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Лајпциг одиграа одличен натпревар кој заврши без победник 3-3 во 10. коло од Бундеслигата. Гостите поведоа преку Нкунку во 19. минута. Во 30. и 34. баварците преку Мусиала и Милер поведоа со 2-1, а до крајот на првите 45. минути Клајверт израмни на 2-2.

Во вториот дел Форсбер во 48. минута повторно донесе водство за Лајпциг, додека конечните 3-3 ги постави Милер во 75. минута.

 

Се вчитува...