Баерн лесно со Шалке, се „вжештува“ битката за титула

Баерн Минхен без поголеми проблеми стигна до триумф против Шалке 04 во 21. коло од Бундеслигата, продолжувајќи ја битката за шампионската титула со Борусија Дортмунд.

Баварците пред своите навивачи славеа со 3-1 во натпревар во кој триумфот беше најавен уште во 12. минута со автоголот на Брума.

Откако гостите израмнија во 25. минута, само две минути подоцна Левандовски повторно донесе предност за Баерн Минхен, за да конечните 3-1 ги постави Гнабри во 57. минута.

Баерн по оваа победа, а по киксот на Борусија Дортмунд, сега е на само пет бода од „милионерите“.

Се вчитува...