Баерн Минхен без важен играч во Манчестер

Томас Тухел се соочува со нов проблем пред гостувањето против Манчестер Сити во првото четвртфинале од Лигата на Шампионите.

Ерик Чупо Мотинг, кој е предводник на нападот на Баерн во најголем дел од овосезонските натпревари, поради повреда нема да патува со тимот во Манчестер. Камерунецот се повреди пред една седмица, не настапи на последниот лигашки дуел со Фрајбург, а во меѓувреме ја загуби и трката со времето за да биде „фит“ за настап против Сити.

„Ерик Чупо Мотинг се уште чувствува болка во коленото по последната повреда. Поради тоа, донесена е одлука тој да не патува со тимот за мечот со Манчестер Сити“, објави Баерн преку клупско соопштение.

Се вчитува...