Заминува Леон Горецка од Баерн, заминува и Рафаел Гереро, но Баерн Минхен доби одлично засилување за следната сезона. „Баварците“ постигнале договор со играчот на Њукасл, Ентони Гордон, кој се согласил да се пресели во германскиот првак.
После болната елиминација од ПСЖ во полуфиналето на ЛШ, Баерн сака да го засили својот ростер. Крилниот напаѓач го дал своето конечно „да“ на раководството на германскиот клуб, и ќе почне нова авантура на „Алијанц Арената“.
Меѓутоа ситуацијата е поинаква кај Њукасл, кој не отстапува од бараната сума од 86 милиони евра. Баварците се обидуваат да ја намалат цената, и да почнат од 60 милиони евра.
Баерн има конкуренција во Челси, Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити, кои исто така ја следат состојбата со Гордон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
