Тотенхем пак го одби Баерн за Кејн, баварците се вртат кон „Планот Б“

Раководството на Баерн Минхен го губи трпението во преговорите со Тотенхем за ангажман на Хари Кејн. И покрај тоа што репрезентативецот на Англија е прва трансфер цел на баварците ова лето, преголемите барања на Англичаните ќе го променат приоритетот на баварскиот гигант во потрагата по нов голгетер. Баварците минатата седмица испратија понуда од над 100 мичлиони евра за голгетерот кој има уште една година од договорот со „спарси“, се очекуваше оваа сума да биде доволна за реализација на трансферот, но денеска стигна информацијата дека Тотенхем ја одбил и оваа, трета по ред понуда на германскиот првак.

Погледите на Баерн сега се повеќе се вртат кон Душан Влаховиќ, српскиот репрезентативец од редовите на Јувентус чие место во тимот е загрозено поради финансиските проблеми со кои се соочува „старата дама“. Според германските медиуми испратена е понуда доа Јувентус, во која Баерн нуди двајца свои фудбалери на „старата дама“, и тоа Леон Горецка и Рајан Гравенберх.

Баерн Минхен како конкуренција за потписот на Влаховиќ го има Челси кој бара решение да се ослободи од Ромелу Лукаку. Двата тима се заинтересирани за размена на голгетерите, а Белгиецот е желба и на Масимилијано Алегри.

Се вчитува...