Баерн Минхен го купи Вагнер од Хофенхајм

Управата на Баерн Минхен веднаш го исполни барањето на Јуп Хејнкес за доведување на нов голгетер на „Алијанц арена“, комплетирајќи го трансферот на Сандро Вагнер.

Голгетерот на Хофенхајм во последните триесетина дена беше поврзуван со враќање во Минхен, каде настапуваше во младинската школа на Баерн до 2008 година, за денеска да биде обелоденето дека е постигнат договор за Вагнер да се врати во баварскиот гигант. Како што информира весникот „Билд“, Хофенхајм ќе заработи 10 милиони евра од трансферот, со можност преку неколку клаузули оваа сума да порасне на 15 милиони евра.

Со доаѓањето на Вагнер Баерн добива одлична резервна опција за нападот во ситуација кога досега незаменлив беше Роберт Левандовски, за кого Хејнкес и немаше алтернатива на клупата.

Се вчитува...