Баерн Минхен го купува Хаким Зијеч

Германскиот првак Баерн Минхен води голема битка за шампионската титула во Бундес-лигата оваа сезона, но раководството на клубот веќе размислува и за следната. Баварците планираат нови засилувања, а еден од посакуваните фудбалери е крилниот напаѓач на Ајакс, Хаким Зијеч. Тој имаше одлични игри против Реал Мадрид во Лигата на шампионите и Нико Ковач сака да го доведе на „Алијанц арена“.

Баерн Минхен веќе го договори трансферот на Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид за сума од 80 милиони евра, а клубот е подготвен да плати нови 60 милиони евра за да го купи Зијеч. Тој треба да биде замена за Франк Рибери и за Арјен Робен, за кои се најавува дека ќе си заминат од Минхен.

Се вчитува...