Баерн Минхен го купува Набил Фекир

Германскиот првак Баерн Минхен планира нови засилувања во зимскиот преоден рок. Огромниот број повредени фудбалери го примораа раководството на баварскиот клуб да размислува да купува итно, а најголемиот проблем на Нико Ковач во моментот е навалната линија. Токму затоа,  негова желба е францускиот репрезентативец Набил Фекир од Лион да пристигне на „Алијанц арена“, по можност уште оваа зима.

Фекир беше на прагот на трансфер во Ливерпул минатото лето, но истиот не се реализираше откако фудбалерот не ги мина медицинските прегледи. Беше откриена повреда на коленото, по која „црвените“ се решија да не ризикуваат со негов ангажман.

За Набил Фекир постои интерес и од Реал Мадрид, Челси и од Јувентус, но Баерн Минхен сака да реагира најбрзо и да го доведе на „Алијанц арена“.

Се вчитува...