Баерн Минхен го планира Ченгиз Ундер како наследник на Арјен Робен

Германскиот првак Баерн Минхен се вклучува во трката за ангажман на турскиот интернационалец од Рома, Ченгиз Ундер. Тренерот Нико Ковач во него го гледа наследникот на Арјен Робен, кој на крајот од сезоната ќе ја напушти „Алијанц арена“.

21-годишниот Ундер има одлична сезона во дресот на „волчицата“ и е трансферна цел и на англиските премиерлигаши Арсенал и Тотенхем. Неговата вредност изнесува околу 50 милиони евра. Тој има договор со Рома до 2022 година и заработува „само“ еден милион евра годишно. Баерн Минхен е подготвен барем тројно да ја зголеми неговата заработувачка.

 

 

 

Се вчитува...