Баерн Минхен го расипува планот на Јунајтед за дефанзивецот

Баерн Минхен сериозно напредува кон потпис на дефанзивецот на Наполи, Ким Мин Џеј. Германскиот тим наводно веќе му го претставил својот проект и целите на стоперот, кои му изгледаат привлечни на стоперот.

Претходно Ким долго време беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, кој сега може да ја загуби таа битка за неговиот потпис, но и натаму останува заинтересиран за неговите услуги.

Во Кореецот, Баерн гледа замена за Хернандез кој е пред заминување од тимот од Минхен и трансфер во ПСЖ.

Се вчитува...