Баерн Минхен и преполовен до рутински триумф

Баерн Минхен без многу мака стигна до бодовите на гостувањето во Фрајбург (1-3), иако актуелниот првак на овој натпревар настапи без половина тим, но и без тренерот Компани.

Белгискиот стратег се уште е во болница откако колабираше на тренинг пред неколку дена, а во тимот на Баерн ги немаше ниту Нојер, Павловиќ, Кимих, Мусиала, Ким и Луис Дијаз.

Сепак, и со преполовен состав баварскиот гигант рутински ја одработе задачата, двата гола постигнувајќи ги во првото полувреме, најпрвин од контранапад што го реализираше Упамекано, а потоа и за 0-2 преку Гнабри на асистенција на Браун.

Се што успеа да стори Фрајбург до самиот крај беше автоголот на младиот Бишоф, недоволно за да се приреди изненадување против актуелниот шампион. Домашните целосно се отворија во самиот финиш, но Баерн го искористи тоа постигнувајќи и трет погодок преку Олис.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...