Баерн Минхен испрати официјална понуда за Хари Кејн

Баерн Минхен го направи првиот конкретен чекор во трката по Хари Кејн испраќајќи официјална понуда до Тотенхем за услугите на капитенот на лондонскиот клуб.

Кејн влегува во последната година од договорот и веќе најави дека нема намера да ја продолжи соработката со „спарси“, што го прави интересен за неколку европски гиганти на пазарот. Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер јунајтед беа исто така поврзувани со англискиот репрезентативец, но Баерн е првиот тим што испрати официјална понуда до Тотенхем.

Како што информираат германските медиуми, станува збор за сума од 70 милиони евра плус клаузули, што баварскиот гигант ја оценува како реална за 30-годишниот фудбалер кој има само уште една година од актуелниот договор. Тотенхем досега инсистираше на најмалку 100 милиони евра, па интересно ќе биде да се види каков одговор ќе стигне од лондонскиот клуб, дали ќе се остави простор за натамошни разговори или Баерн ќе ги насочи погледите кон останатите голгетери кои се достапни на пазарот.

Се вчитува...