Баерн Минхен ја зголеми предноста на врвот во Бундес-лигата

Германскиот првак Баерн Минхен им се врати на победите во Бундес-лигата, откако во минатото коло беше поразен на гости во Менхенгладбах. Избраниците на Јуп Хејнкес славеа со 3-1 против Хановер, а го искористија и поразот на Лајпциг на гости против Хофенхајм (4-0) за да се зацврстат на врвот. Сега баварскиот тим има шест бода предност пред Лајпциг.

Видал донесе предност за Баерн Минхен, по ова гостите не искористија пенал, но Беншоп успеа да израмни во 35.минута. Кингсли Коман повторно донесе предност за Баерн Минхен во 67.минута, а Роберт Левандовски од пенал го потврди триумфот.

Хофенхајм убедливо го совлада Лајпциг со 4-0. Амири прв ја погоди мрежата на гостите, потоа Гнабри постигна два гола, а Ут ја затвори серијата.

Резултати Германија: Баерн Минхен – Хановер 3-1, Мајнц – Аугсбург 1-3, Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд 1-1, Хофенхајм – Лајпциг 4-0, Вердер – Штутгарт 1-0.

Се вчитува...