Баерн Минхен казнет поради непочитување на законот за минимална плата

Германскиот шампион Баерн Минхен ќе мора да плати 200.000 евра за непочитување на законот за минимална плата во  неговиот тренинг центар, за периодот од ноември 2016 до ноември 2021 година, објави во четвртокот централната царинарница во Минхен.

„Клубот соработуваше со нас, процедурата е затворена. Случајот е затворен за нас“, изјави портпаролот на Централната царинска постава во Минхен, Томас Мајстер.

Истрагата започната во ноември 2021 година откако беше откриено дека „клубот не плаќал минимална плата во својот тренинг центар“. Покрај 200.000 евра ретроактивни плаќања, Баерн ќе треба да плати и 45.500 евра социјални придонеси и задоцнети казни.

Уште во ноември 2020 година, една година пред почетокот на постапката на властите, Баерн презеде „структурни мерки на ниво на својот кампус“, „за да избегне плати под пропишаната минимална плата во иднина“, објасни Баерн во своето соопштение за печатот.

Се вчитува...