Баерн Минхен лесно го мина Минстер во Купот

Баерн Минхен се пласираше во следното коло во Купот на Германија, откако го совлада тимот на Минстер на гостински терен со убедливи и лесни 0-4. Томас Тухел им даде шанса на некои играчи кои досега беа резерва како Перец на голот, Чупо Мотинг во нападот, а на клупата остана Кејн и Сане.

Чупо-Мотинг, Лајмер, Крациг и Тел беа стрелци на головите за „Баварците“ во оваа убедлива победа.

Баерн Минхен и Лајпциг не ги одиграа првите мечеви од Купот кога се играа сите останати, поради играње на Супер-Купот.

Се вчитува...