Баерн Минхен лесно го покори Дилседорф

Баерн Минхен се врати на првата позиција на табелата во Бундес-лигата, откако го совлада тимот на Фортуна Диселдорф на гости со 1-4. Сега баварскиот тим повторно има еден бод предност во однос на Борусија Дортмунд на пет кола до крајот на шампионатот.

Кингсли Коман беше двоен стрелец за Баерн Минхен на денешниот натпревар. Тој го отвори резултатот во 15.минута, а пред крајот на првиот дел зголеми на 0-2.

Во 55.минута Серж Гнабри постигна трет гол за Баерн Минхен, по што беше јасно дека бодовите ќе му припаднат на актуелниот шампион. Во завршницата, Лукебакио од пенал постигна почесен гол за Фортуна Диселдорф, а Леон Горецка во судиското продолжение го постави конечниот епилог.

Се вчитува...