Баерн Минхен не планира да го откупи договорот на Хамес Родригез

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез ќе ја заврши авантурата во Баерн Минхен и ќе се врати во Реал Мадрид. Колумбиецот ја поминува последната сезона од двегодишната позајмица, а од баварскиот клуб не се заинтересирани за комплетно откупување на неговиот договор кој вреди 42 милиони евра.

Според тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, стилот на игра на Родригез, не одговара на неговиот начин на водење на тимот. Според него, тој е многу бавен фудбалер за играта која треба да се базира на брзина. Клучниот момент за одлуката бил натпреварот против Борусија Дортмунд, кој минхенскиот клуб го доби со убедливи 5-0, без помошта на Колумбиецот, кој дуелот го гледаше од клупата за резерви.

Хамес Родригез ова лето ќе се врати во Реал Мадрид, каде што Зинедин Зидан ќе одлучи за неговата иднина.

Се вчитува...