„Баерн Минхен нема зошто да стравува од Халанд“

Ерлинг Халанд игра во неверојатна форма. Во последните два натпревари голгетерот на Манчестер Сити постигна неверојатни осум гола, но тоа не е повод за Баерн Минхен да стравува од норвешкиот голгетер во дуелите од четвртфиналето од Лигата на Шампиони смета Лотар Матеус.

Легендарниот фудбалер кој сега работи како стручен коментатор вели дека Халанд кој постигна пет гола во седум натпревари против баварците не така често постигнува голови против најтрофејниот германски клуб.

„Баерн Минхен нема зошто да стравува од Ерлинг Халанд. Играше тој често против нив во минатото во дресот на Борусија Дортмунд и не така често даваше голови“, вели Матеус.

Се вчитува...