Баерн Минхен официјално го промовираше Лајмер како прво свое засилување

Баерн Минхен и официјално го промовираше првото свое засилување за летниот преоден рок, Конрад Лајмер.

26-годишниот Лајмер, кој доаѓа како слободен играч од Лајпцг, потпиша четиригодишен договор, до јуни 2027 година, со германскиот шампион.

„Лајмер доаѓа кај нас како двократен освојувач на Купот, веруваме дека сега заедно ќе славиме уште многу титули“ – соопштија од Баерн.

„Ова е остварување на мојот сон. Баерн е еден од најголемите клубови во светот, пресреќен сум што сум тука“ – рече Лајмер на промоцијата во новиот клуб.

Се вчитува...