Баерн Минхен по 120 минути ја прескокна Херта во Купот на Германија

Германскиот првак Баерн Минхен ја продолжува трката по трофејот во Купот на Германија, откако по продолженија ја елиминира Херта во Берлин со 2-3. Во следната, четвртфинална рунда се и Аугсбург, Лајпциг и Шалке 04.

Херта поведе во третата минута со голот на Максимилијан Мителштат, но баварскиот тим возврати преку Серж Гнабри само четири минути подоцна.

На самиот старт од вториот дел Гнабри по вторпат стрелаше прецизно, но Херта дојде до ново израмнување во 67.минута со голот на Дејви Селке. Мечот отиде во продолженија, а победничкиот гол за Баерн Минхен го постигна Кингсли Коман во 98.минута од натпреварот.

Се вчитува...