Баерн Минхен подготвува 100 милиони евра за трансфер на Пауло Дибала

Германскиот првак Баерн Минхен не ја почна најдобро новата сезона во Бундес-лигата, а на удар се најде тренерот Нико Ковач. Сепак, тој доби поддршка од раководството на клубот кое ќе му доведе и ново големо засилување. Станува збор за Пауло Дибала, аргентинскиот интернационалец од Јувентус, за кого баварскиот клуб веќе има подготвено 100 милиони евра.

Дибала е голема желба на Нико Ковач и челниците на Баерн Минхен ќе се обидат да му ја исполнат во летниот преоден рок. Полека, но сигурно, баварскиот клуб ќе мора да бара замени за Арјен Робен и за Франк Рибери, а пред заминување токму во Јувентус е колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Можеби и затоа оваа солуција за доаѓањето на Дибала делува уште поуверливо.

Се вчитува...