Баерн Минхен подготвува мегапонуда за Герет Бејл

Германскиот првак Баерн Минхен е подготвен да го урне клупскиот рекорд за најголем трансфер и да го купи велшкиот интернационалец Герет Бејл од Реал Мадрид. По враќањето на Зинедин Зидан на тренерската позиција, се очекува Бејл да биде ставен на трансфер – листа ова лето, а Баерн Минхен е подготвен да плати 150 милиони евра за да го доведе на „Алијанц арена“.

Тренерот на баварскиот тим Нико Ковач смета дека Бејл би бил идеалното решение за крилните позиции, со оглед дека клубот ќе го напуштат ветераните Франк Рибери и Арјен Робен. Велшанецот истакна дека нема намера да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, но понуда од Баерн Минхен дефинитивно би ги сменила неговите планови.

Се вчитува...