Разигрувањето од осминафиналето во Лигата на Шампионите за Баерн Минхен носи дуел против Селтик за кој УЕФА им забранил на Германците да го носат домашниот, црвен дрес.
Причина за тоа е прекршување на правилата на видливост бидејќи црните броеви и презимиња на грбот на црвените дресови не се доволно видливи за гледателите на ТВ екраните, па и посетителите на самиот стадион.
Баерн Минхен ќе направи промена на дресот со тоа што броевите на грбот и имињата на играчите ќе бидат во бела боја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА