Баерн Минхен против Борусија Дортмунд без Џошуа Кимих

Баерн Минхен во следните два натпревари во Бундеслигата нема да може да смета на услугите на Џошуа Кимих. Германецот заработи суспензија поради црвениот картон на средбата против Дармштат.

Тоа значи дека Томас Тухел нема да може да смета на еден од најискусните фудбалери во својот тим за дербито против Борусија Дортмунд како и средбата против Хајденхајм.

Како потсетување, во победата на Баерн Минхен со 8-0, Кимих беше исклучен во четврата минута.

Се вчитува...