Баерн Минхен се соочува со нешто на што не е навикнат. Германскиот гигант прво го загуби Роберт Левандовски, изминатото лето постоеше можност за заминување и на Џошуа Кимих, а следното лето се очекува и „атак“ на Реал Мадрид за ангажам на Алфонсо Дејвис.
А, со цел спречување на дополнителни заминувања, раководството на тимот ќе започне преговори за продолжување на соработката со клучните фудбалери како Џамал Мусиала и капитенот Мануел Нојер, потврди генералниот директор на клубот, Јан-Кристијан Дресен.
„Џамал постана фантастичен фудбалер. Поседува неверојатни квалитети, голем потенцијал и можност за надоградба па мораме да го задржиме по секоја цена, што е можно подолго. Тој има договор до 2026 година и знае дека сите врати му се отворени. Сакам да остане со нас уште долго време, максимално долго“, изјави Дресен кој се осврна и кон 37-годишниот капитен, голманот Мануел Нојер.
„Одигра еден натпревар по повредата. Мислам дека треба да го оствиме на мир да одигра уште некој натпревар. Има време да разговараме за продолжување на договорот, но јасно е дека сакаме да остане. Тој е днк-та на нашиот клуб. Ако се врати на теренот во својата претпознатлива форма зошто да не потпишеме нов повеќегодишен договор“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА