Баерн Минхен се „лизна“ на гостувањето кај Унион Берлин (ВИДЕО)

Баерн Минхен загуби големи два бода во борбата за титула, откако ремизираше 1-1 на гостувањето кај Унион Берлин. Гостите поведоа со голот на Промел уште во четвртата минута. Баерн Минхен нападна со сите сили, но на крајот успеа само да стигне до реми со голот на Роберт Леванвдовски во 68. минута.

Баерн останува на врвот со исто бодови како и второпласираниот Ред Бул Лајпциг, но утре Баер Леверкузен има шанси да се искачи на првата позиција доколку триумфира над Хофенхајм. Унион Берлин останува шести со 17 бода.

 

 

Се вчитува...