Баерн Минхен тргнува по Де Јонг

Баерн Минхен подготвува неколку значајни засилувања за Томас Тухел, меѓу кои прв на листата е Френки де Јонг од Барселона.

Како што пренесува германски „Скај“, Баерн сериозно е заинтересиран за потписот на Де Јонг, и покрај тоа што претходно се шпекулираше дека тој е веќе пред договор со Манчестер јунајтед.

Баварците веруваат дека по преселбата на Илкај Гундоган во редовите на Барселона, сега каталонскиот тим ќе прифати продажба на Де Јонг. Баерн досега се засили со Лајмер и Гереиро за новата сезона, а се очекува и доаѓањето на дефанзивецот Ким од Наполи.

Се вчитува...