Баерн Минхен влегува во трката за потписот на Гави

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со играчот на Барселона Гави, како и финансиската состојба на шпанскиот клуб, објавија германските медиуми.

Ливерпул неодамна беше заинтересиран да ја искористи ситуацијата со договорот на 18-годишниот играч, бидејќи доколку Барселона не успее да го пријави, тој би можел да го напушти „Камп ноу“ како слободен играч на лето.

Како што пренесуваат германските медиуми, Баерн е подготвен да испрати понуда доколку Барселона не успее да го регистрира.

Барселона има финансиски проблеми, но шпанските медиуми објавија дека клубот и самиот играч се оптимисти дека на лето ќе ги решат проблемите со договорот.

Се вчитува...