Баерн Минхен заинтересиран за Николас Пепе

Германскиот првак Баерн Минхен се вклучува сериозно во трката за ангажман на офанзивецот на Лил, Николас Пепе. Тренерот Нико Ковач сака свежа крв во нападот, со оглед дека ќе си заминат Арјен Робен и Франк Рибери, а според него напаѓачот на Лил би бил одлично решение.

Сепак, мисијата да се доведе Пепе нема да биде воопшто лесна. Тој има актуелен договор со Лил до 2022 година, а клубот за него бара отштета од 70 милиони евра. За Николас Пепе веќе подолг период се интересира и англискиот премиерлигаш Арсенал, но не успеа да го доведе во изминатиот зимски преоден рок. Конкуренцијата за негов потпис очигледно сега се зголемува.

Баерн истовремено се интересира и за Хадсон Одои, но Челси не сака ни да чуе за продажба на англиското чудо од дете.

Се вчитува...