Баерн може да здивне – Нојер ќе брани на „Енфилд“

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, доби одлична вест во пресрет на наредните предизвици, откако Мануел Нојер доби зелено светло за враќање во тимот. Искусниот голман ги пропушти последните средби на баварскиот гигант по што се стравуваше од нова сериозна повреда, но Нојер без проблеми ги мина последните тестови, по што му се стави на располагање на Ковач.

„Нема дилеми, Нојер се враќа на голот за утрешниот натпревар против Аугсбург. И што е уште поважно, тој ќе брани и на осминафиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул“ – објавија од лекарскиот тим на Баерн.

Јасно е дека квалитетот и искуството на Нојер ќе биде добредојден за баварскиот гигант во обид да се забележи позитивен резултат на „Енфилд“, во пресрет на реваншот во Минхен на кој ќе се решава патникот во четвртфиналето.

Се вчитува...