Баерн не го продава Давид Алаба

Давид Алаба нема да го напушти Баерн Минхен во јануарскиот преоден рок, откако управата на баварскиот гигант одлучила дека помошта на Австриецот ќе биде неопходна во борбата за трофеи оваа сезона.

Алаба ги одби сите понуди за да потпише нов договор со Баерн, а со оглед на фактот дека тој ќе стане слободен играч во јули се очекуваше европскиот првак да го продаде за да заработи барем нешто од неговиот трансфер. Сепак, Баерн уште еднаш покажа дека функционира различно од останатите гиганти, одлучувајќи дека Алаба ќе остане на „Алијанц Арена“ до крајот на сезонава. Тренерот Флик инсистирал на вакво нешто во ситуација кога ризикот од повреди на првотимците е се поголем, а челниците на клубот целосно застанале зад тренерот.

Ова практично значи дека Алаба ќе си замине без никаква отштета од Баерн, а веќе во јануари ќе може да потпише преддоговор со новиот клуб. Реал Мадрид покажува сериозен интерес да го доведе Алаба во своите редови, а Австриецот е предизборно ветување на Жоан Лапорта во трката за претседател на Барселона.

Се вчитува...