Баерн победи со Хановер, на ред е Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја зголеми предноста на првенствената табеала, совладувајќи го Хановер со  … во 32. коло од германската Бундеслига. Роберт Левандовски го донесе во водство „баварскиот“ тим во 27. минута, а до крајот на првиот дел во 40. минута во листата на стрелците се запиша и Леон Горецка. Во второто полувреме гостите го намалија резултатот на 2-1 со голот на Џонатас од пенал во 51. минута, а конечните 3-1 ги постави Франк Рибери во 84. минута. Со победата избраниците на Нико Ковач ја зголемија предноста на табелата на 5 бода пред второпласираната Борусија Дортмунд, која својот меч од 32. рунда против Вердер Бремен го игра денеска од 18:30 часот.

Резултати Бундеслига 32. коло: Менхенгладбах – Хофенхајм 2-2, Баерн – Хановер 3-1, Херта – Штутгарт 3-1 и Волфсбург – Нирнберг 2-0.

Се вчитува...