Баерн почна преговори со Челси за Кепа

Баерн Минхен има намера во овој преоден рок да ангажира голман. Јан Зомер веќе е дел од Интер, додека Мануел Ноер може да биде во аут до крајот на гдината.

Изборот на Томас Тухел наводно паднал на Кепа Аризабалага, голманот на Челси со кој соработуваше во времето кога беше дел од „сините“ од Лондон.

Наводно германскиот шампион имал првични разговори со тимот на Челси за ангажман на шпанскиот чувар на мрежата. Кепа дојде во Челси во 2018 година, а од минатата сезона е стандарден и одигра 29 натпревари во Премиерлигата.

Челси го загуби Едуард Менди кој замина во Саудиска Арабија, но го ангажираше Роберт Санчез од Брајтон.

Се вчитува...